Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Во Софија ќе биде отворена меѓународната фотоизложба „Последните селани“

Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Софија денеска со почеток…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Софија денеска со почеток во 18:30 часот ќе биде отворена меѓународната фотоизложба „Последните селани“, во организација на уметничката колонија „Арт поинт – Гумно“.

На изложбата ќе бидат претставени дела од повеќе реномирани автори од различни земји, меѓу кои Ероу Рос (САД), Јана Хунтрова (Чешка), Алена Новакова (Чешка),  Марек Пекни (Чешка),  Ева Моричка (Чешка), Јана Мари Кнотова (Чешка), Павла Бичикова (Чешка), Надја Милерова (Чешка), Петр Буреш (Чешка), Рудолф Кучап (Чешка), Мартин Новотни (Чешка), Естер Шабик (Словачка), Харис Савидес (Грција) и Елизабет Рос (Мексико).

Поставката содржи селектирани фотографии од богатата колекција на „Арт поинт – Гумно“, инспирирани од животот и секојдневието на жителите од регионот на горен Демир Хисар – простор кој бил трајна инспирација и за македонскиот писател Петре М. Андреевски.

Реклама

Посебно место на изложбата имаат фотографиите на американскиот фотограф Ероу Рос, кој уште во 2005 година, за време на престојот во селото Слоештица, го документирал животот во македонско село и создал серија портрети на локалните жители. Делата од тој циклус веќе биле претставени и во САД.

Во рамки на поставката ќе бидат изложени и фотографии од чешки автори, резултат на долгогодишната соработка на „Арт поинт – Гумно“ со Либеречката школа за фотографија и графика, како и дела од други меѓународни учесници кои низ уметнички престои го истражувале македонското село.

Фотоизложбата „Последните селани“ отвора прашања за исчезнувањето на традиционалниот начин на живот и ја претставува богатата културна и природна оставнина на руралните средини.

„Арт поинт – Гумно“, кој делува од 2003 година во селото Слоештица, Демир Хисар, е меѓународен центар за уметност и одржлив развој, познат по уметничките резиденции и колонии во кои досега учествувале десетици странски и домашни уметници.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста во наредниот период.