Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски

Во Собранието денеска пристигна Предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска пристигна Предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

За натамошната процедура, од Собранието најавуваат дека ќе информираат дополнително. 

Постапката за разрешување на Коцевски, која беше запрена по трагедијата во Кочани, а привремено стопирана во изборниот период, продолжи со одлука донесена од страна на Владата.
 
Владата на завчерашната седница го усвои предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и најави дека ќе го достави до Собранието за натамошна постапка. Со ова Владата ја продолжува постапката што претходно беше поведена, но поради законски ограничувања за време на изборниот период беше привремено стопирана.

Реклама

-Врз основа на членот 88 став 1 од Законот за јавното обвинителство, а по претходно добиено мислење од страна на Советот за јавни обвинители му предлага на Собранието од функцијата јавен обвинител на Македонија да го разреши Љупчо Коцевски, поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на Јавното обвинителство, рече портпаролката Марија Митева во образложението за усвојувањето на предлогот.

Митева нагласи дека разрешувањето се предлага поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, што, како што рече, доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на ЈО. Според неа, неовластеното изнесување информации, податоци за судски предмети, со што е повредена обврската за тајност на постапката согласно закон, нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед, непостапувањето согласно обврските предвидени со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, се  повреди што, исто така, ги направил Коцевски. Како последица на сторените повреди, во изминатиот период е „евидентна нарушената функционалност на Јавното обвинителство и сериозно е нарушен интегритетот на институцијата“.  

Владата, претходно на 11 февруари годинава донесе одлука да поведе постапка за разрешување на Коцевски. Но, само еден месец подоцна, таа постапка беше запрена по пожарот во нелегалната дискотека „Пулс“ во Кочани. 

Потоа на 26 јуни пратеничката група на Левица поднесе интерпелација за државниот јавен обвинител, како што наведоа „поради нефункционална состојба во обвинителството, неажурност во постапувањето и надворешни политички влијанија врз неговата работа”. На 29 јули пратениците во Собранието со 71 глас „за“ изгласаа интерпелација на државниот јавен обвинител. Постапката за разрешување на Коцевски, потоа беше запрена поради „законските ограничувања во предизборниот период“.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека очекува брзо да се одвива целата процедура на избор на нов главен јавен обвинител на местото на Коцевски. За негативното мислење од страна на Советот за јавни обвинители по однос предлогот за разрешување на Коцевски, премиерот рече дека тоа е став на тоа тело, односно дека Владата има поинакво мислење.

Љупчо Коцевски за републички јавен обвинител беше именуван во Собранието 13 февруари 2024 година.