Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Во Собранието нов портрет и изложба на фотографии за поранешниот претседател Борис Трајковски – омаж кон неговиот лик и дело

Во Собранието денеска беше промовиран нов портрет на поранешниот претседател Борис Трајковски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска беше промовиран нов портрет на поранешниот претседател Борис Трајковски, а во холот пред пленарната сала е отворена изложба со негови фотографии. Трајковски е државник, чиј лик и дело оставија длабока трага во современата македонска историја. Портретот го откри претседателот на Собранието, Африм Гаши, а на свеченоста присуствуваа членови на семејството на Трајковски, негови пријатели и соработници, пратеници и многубројни гости. 

Претседателот на Собранието, Гаши, истакна дека ова не е само омаж на еден претседател, туку и кон вредностите што ги застапуваше Борис Трајковски – мирот, толеранцијата, дијалогот, човечноста. 

Портетот на Трајковски го наслика авторката Валбона Атанасовска, која рече дека ѝ е преголема чест што ја добила оваа можност. Таа и претходно имала насликано друг потрет за еден од претседателите на Собранието. 

Реклама

– Доста долго се подготвував да го направам овој портрет. Јас лично не го знам, не живеев во Македонија, живеев во Берлин додека тој го вршеше своето политичко дејство во Македонија, но, за среќа, постои форумот „Борис Трајковски“, кој, едноставно, ми ги отвори вратите и ми го покажа целиот тој материјал, што еве тука денеска го изложуваат во просториите на Собранието, и така јас го запознав подетално Борис Трајковски. Преку фотографиите, преку настаните одлучив да го насликам овој портрет, кој веќе долго време стоеше како фотографија во просториите во Собранието бидејќи луѓето се најмногу за неа емотивно поврзани. Таа фотографија ја претворив во масло на платно – рече Атанасовска.

Сликата е работена еден месец, но пред тоа таа изработила и скици и цртежи и така се запознала со неговите црти.  

Во чест на Борис Трајковски беше отворена и изложбата „Животот и делото на Борис Трајковски низ фотографии“, која преку избрани архивски фотографии ги доловува неговиот животен пат, политичката дејност и трајното наследство што го остави зад себе. Изложбата ќе биде отворена до крајот на јуни, а веќе денеска група ученици имаа можност да ја видат по отворањето. 

– Во ова фоаје се наоѓаат деведесет фотографии, кои ни се позајмени од Фондацијата „Борис Трајковски“. Во соработка со нив ја организиравме оваа изложба. Во оваа изложба хронолошки ги подредивме сликите. Почнавме со неговото семејство, неговите почетоци, неговите родители, неговата сопруга и неговите деца. Семејството е двигател во животот – рече Соља Ѓеоргиевска, советник за заштита и за зачувување на културно-историските вредости во Собранието.

Другите фотографии се од неговата инаугурација кога станува претседател, од државничките посети… 

Од Собранието посочуваат дека овој чин претставува симболична, но искрена почит кон вредностите што Борис Трајковски ги живееше и ги застапуваше – меѓусебно разбирање, демократско општество и европска визија.