Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Во Собранието имаше дебата за унапредување на правото на здравје на лицата со попречност

„Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“ беше насловот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“ беше насловот на настанот што денеска се одржа во парламентот. Настанот беше во организација на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со „Зета“ –  организација за попреченост и правда, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, „Порака“ – Неготино и „Еко – живот“ – Кавадарци.

Министерот за здравство Азир Алиу рече дека извршната и законодавната власт мора и понатаму да работат на подобрување на состојбите во државата.

– Овие родители тука сакаат нивните деца да бидат независни и самостојни – посочи министерот.

Реклама

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, исто така нагласи дека сите фактори треба заеднички да продолжат да соработуваат за подобрување на состојбите. Тој рече дека состојбите се подобрени во споредба со минатото, но дека треба уште да се работи. 

Пратеничката Ангелинка Петкова пред присутните рече дека нејзината врата и вратата на ИППГ секогаш ќе бидат отворени. Таа истакна дека во ИППГ учествуваат пратеници од сите политички партии, дејствуваат како заедница, се бара консензус за сите промени да бидат за подобро на лицата со попреченост. 

– Добро е тоа што овој настан се прави токму пред носење на законот за здравствена заштита, што ќе овозможи сите по малку да влијаеме барем на промените што ќе бидат во законот за да може да им го олесниме животот на оваа група наши сограѓани – нагласи Петкова.

Пратеничката Јована Тренчевска, меѓу другото, ги спомна и извештаите на народниот правобранител, кој укажувал на дискриминација врз лицата со попреченост при остварување на нивните права. 

– Добро е што на оваа дебата, покрај законодавната, присутна е и извршната власт – истакна Тренчевска.

Во изјава за медиумите, Елена Кочоска, член на „Зета“ – организација за попреченост и правда, се осврна на проблемите со кои се соочуваат.

– Најголем проблем е пристапноста. Меѓутоа, пристапноста не само од аспект на обезбедување рампа, туку пристапност и достапност на целокупниот здравствен систем, пристапноста од аспект на информациите, пристапноста и достапноста на информираната согласност, начинот на носење одлуки кај лицата со попреченост, потоа тука се ортопедските помагала, пристапот до примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита, што не се пристапни за нас граѓаните со попреченост, рехабилитацијата, бањското лекување и пристапот до разни ортопедски помагала, што всушност се неопходни алатки за ние да живееме самостојно и независно – нагласи Кочоска.