Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на двете собраниски комисии е Предлог на законот за задолжување на Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова–КфВ по Договорот за заем за финансирање на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Македонија, фаза 2, по скратена постапка. 

Како што се посочува во Предлог-законот, Македонија се задолжува кај Кредитната банка за обнова – КфВ со заем во износ од 40.000.000 евра, наменет за финансирање на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентски домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Македонија – фаза 2.

Реклама

Рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период до пет години. Каматната стапка ќе се утврдува одделно за секоја транша од заемот при нејзино повлекување. Македонија ќе и плати на Кредитната банка за обнова–КфВ еднократна провизија во висина од 1% од износот на заемот. Македонија ќе и плаќа на Кредитната банка за обнова–КфВ провизија во висина од 0,25% од неповлечениот дел од заемот. Провизијата од ставот 4 на овој член ќе се плаќа полугодишно.

Со Проектот се предвидува да се изврши енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови што вклучува зголемување на комфорот и подобрување на условите за живот на студентите, опремување на соби за студенти со посебни потреби, промена на водоводна инсталација во домовите и отстранување на причините за појава на влага во
објектите, промена на комплетната електрична инсталација и поставување на енергетски ефикасни ЛЕД светилки, промена на инсталацијата за греење, комплетна промена на санитаријата, изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите, поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија и сл.

-Воедно, со проектот ќе биде опфатена и реконструкција на основни и средни училишта со ресурсни центри, за ученици со посебни потреби (со оштетен вид, со оштетен слух, пречки во развојот и др.), како и еден ученички дом во Велес, кои не се енергетски ефикасни и во кои не е извршена реконструкција подолг временски период, а од друга страна училиштата не се прилагодени за ученици со ваков вид на потреби. Во објектите нема лифтови за лица со попречености, нема простории за нега на лицата со посебни потреби и др., се посочува во Предлог-законот.