Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за одбрана и безбедност,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки, сите по скратена постапка.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Формирањето Комисија за селекција на кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата и Разгледувањето барања за остварување право на плата по престанок на функцијата од поранешен претседател и член на Регулаторната комисија за домување. 

Реклама

На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка.

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка е на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, сите по скратена постапка.