Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии, матичната Комисија ќе спроведува интервју на пријавените кандидати за член на ДКСК

Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии – Комисијата за прашања на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии – Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Законодавно-правната комисија и Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

Пред членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е спроведувањето интервјуа на пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата („Службен весник на Македонија“ број 45/2026). На огласот за нов член на ДКСК пријавени се четворица кандидати: Борче Стојановски, дипломиран економист од Скопје, Милка Муратовска, дипломиран правник и мастер по антикорупциски науки од Струмица, Владимир Клековски, дипломиран правник и адвокат од Скопје, Марија Катралова-Китанов, дипломиран економист од Кавадарци, и Антонија Андонова-Тасевска, дипломиран правник од Гевгелија.

На дневен ред на Комисијата за социјална политика, демографија и млади е предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.

Реклама

На Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е предлог-законот за изменување на Законот за утврдувањето јавен интерес и номинирањето стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и на Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп  Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

На дневен ред на двете седници на Законодавно-правната комисија се предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, предлог-законот за изменување на Законот за утврдувањетоа јавен интерес и номинирањето стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и на Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Македонија, и двата по скратена, и предлог-законот за Jавното обвинителство, во второ читање.