Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Во Штип трибина за подигање на свеста за органодарителството

Еден донор може да спаси осум човечки животи и да донесе надеж…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден донор може да спаси осум човечки животи и да донесе надеж и среќа во исто толку семејства. Свеста на граѓаните за органодарителство мора да се подигне на повисоко ниво, зашто никогаш не се знае што носи животот, вели Ирена Ралева-Најдевска, која е сопруга на пациент кој веќе седум години живее со вештачко срце, а пет години е на националната листа за трансплатација на срце.

Ралева-Најдевска е дел од кампањата за подигање на свеста на органодарителство во нашата земја, за таа цел во Штип беше организирана јавна трибина на која присуствуваа медицински и верски авторитети, а  на која беше потенцирана хуманоста и солидарноста на органодарителството. 

– За бенефитот од процедурата трансплантација, за која морам да нагласам е една од најстрого законски регулирани процедури и да добиваме што повеќе согласности. Ние ги детектираме потенцијалните донори, разговараме со семејствата, меѓутоа малку потешко оди со добивање на согласност-изјави Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација. 

Реклама

Македонскиот кардиохирург Жан Митрев кој ја поддржува кампања вели дека органодарителството е култура на живеење.

– Органодаритеството е нешто што треба да се поддржи, тоа е и култура на живеење. Тоа е сознание дека може да се помогне на различен начин и е суптилна тема која секако бара во јавноста посебен третман-рече Митрев.

 На трибината се слушна и приказната на Илчо Гиовски од Велес, кој е татко кој донирал дел од црниот дроб на својата тогаш деветмесечна ќерка. 

-Гледајќи го своето дете, јас гледам борец, бидејќи таа трансплантација не е само обична медицинска процедура, туку давање на втора шанса за живот, вели Гиовски.

На кампањата за органодарителство поддршка дадоа и свештени лица од МПЦ и ИВЗ. Отец Добрица Јанев вели дека духовната димензија на ова хумано дело се огледа и во фактот што верските заедници го поддржуваат како чин на милосрдие, љубов и надеж. 

– Секој човек, создаден од Бога е единка сам за себе има право на живот и има право на телесно здравје, а и духовно спасение-рече отец  Добрица Јанев, свештеник во Брегалничката епархија.

На национална листа на чекање за органи и ткива, 30 пациенти чекаат за трансплантација на срце, 15 за црн дроб, а најповеќе за бубрег, 160 пациенти. Вакви трибини со 20 панелисти се одржуваат низ градовите во земјата, со цел да се зголеми свеста за органодарителство.