Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Економија

Во Штип денеска и утре форумски средби за креирање на буџетот за 2026 година

Општина Штип од вечерва започнува со форумските средби со преставници од урбаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Штип од вечерва започнува со форумските средби со преставници од урбаните заедници со цел креирање на буџетот за 2026 година. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска најави дека во салата на Совет во општината граѓаните ќе може да даваат свои идеи, предлози кои понатаму ќе се анализираат, а дел од нив ќе влезат во буџетот за наредната 2026 година.

-Во изминатиот период во општината има пристигнато многу предлози и идеи кои секако ќе бидат анализирани и ќе го формираме новиот буџет, вели Јорданов.

Тој истакна дека за наредната година се очекува да се реализиираат голем дел капитални проекти во Штип, како што се обиколницата кон бањата Кежовица, доизградба на булеварот „Гоце Делчев“, паркот „Иднина“, потоа реставрација на тврдината Исар, како и на проекти кои ќе бидат од значење за граѓаните.

Реклама

-Во 2026 година ќе се гради нов булевар, продолжување на постоечкиот булевар „Гоце Делчев“, обиколницата ќе биде завршена, паркот Иднина, нови катни гаражи во централното градско подрачје кои ќе придонесат за зголемување на паркинг просторот, нови сообраќајници, изјави Јорданов.

Вечерва започнуваа средбите со граѓани од урбаните заедници Славчо Стојменски, Три Чешми, Железничка, 8 Ноември, Брегалница, Баби, Тошо Арсов и Караорман.