Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Во првите 11 месеци од лани, странците побројни од домашните туристи

Македонија добива на атрактивност кај странските туристи. Најновите податоци од државниот завод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија добива на атрактивност кај странските туристи. Најновите податоци од државниот завод за статистика покаживаат значителен раст. Во период од 11 месеци во 2025 година, споредбено со истиот период од 2024 година, бројот на странски туристи се зголемил за над 10%. Во истиот период се регистрира и мало намалување на бројот на домашни туристи од 2,5%. Ова значи дека вкуопниот број на туристи во државата е зголемен за 6%.

Најголем број туристи во државава имало од Турција, потоа следуваат Германија, Србија и Грција.

Ваквиот развој не е изнеандување, ако се имаат предвид политиките на Владата и активностите во оваа насока. Пред се во делот на авиосообраќајот, кој минатата година заврши со рекорден број на превезени патници од двата македонски аеродрома.

Реклама

Вицепремиерот Александар Николоски повеќепати нагласуваше дека владиниот план е амбициозен, а стратегијата е Македонија да стане уште попривлечна за странските туристи. Клучно во овој дел е поддршката во авиосообраќајот, кој продолжува да добива на динамика со нови дестинации. Само лани, беа воведени над петнаесетина, со што патувањето кон и од Македонија доби на уште поголема атрактивност. Клучниот фактор веројатно е во одлуката на Владата да го проемни начинмот на субвенционирање кој го добиваат авиокомпаниите. Наместо за патници во заминување како претходно, сега поддршката е за патници кои доаѓаат во Македонија.

Освен авиосообраќајот, туризмот ќе го поттикне и железничкиот сообраќај кој треба да стане побрз и поефикасен, но и планот на Владата за изградба на модерни хотели, посебно доклж патните коридори.

Трендот на раст на туристите се очекува да продолжи. Според податоците кои беа вчера изнесени од ТАВ Македонија, број на патници на македонските аеродроми лани бил зголеменза девет проценти.