Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Во Прилеп голема еко-акција за чиста животна средина

Околу 1000 прилепчани, вработени во локалната администрација, ученици од основните и средните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 1000 прилепчани, вработени во локалната администрација, ученици од основните и средните училишта, од јавните комунални претпријатија, од бизнис-секторот и граѓани денеска учествуваа во големата  еко-акција што ја иницираше општина Прилеп. Се чистеше на 20 локации во околината на Прилеп, а една од нив е околината на прилепското село Волково каде треба да се направи катче за рекреација.

-Сите простори околу градот треба да бидат чисти- просторите за пешачење, за рекреација, излетничките места.  Паралелно со тоа ја подигнуваме свеста за чиста еколошка средина. Прво, треба да ја подгнуваме свеста за чиста и здрава животна средина и околина, второ, јавните комунални претпријатија да ги подигнеме на повисоко ниво на функционирање со зголемена механизација и последно да остане системот на присила зашто кај некои граѓани мора да се зголеми еколошката свест бидејќи истураат отпад каде ќе стигнат. Планираме да има неколку пункта каде и досега граѓаните оставале отпад, барем јавните комунални претпријатија оттука да го собираат отпадот, изјави прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.

Прилепската локална самоуправа најавува догодина да има и видео надзор кој ќе го контролира фрлањето смет, а се размислува и за донесување правилник за комунален ред.

Реклама

Одлагањето на отпадот се врши во попладневните часови, а според Законот за јавна чистота може да постапува и полицијата. Потребно е и изрекување казни.

– За да се изречат казните треба на лице место да се фати оној што истура отпад, вели Цветанка Николоска, инспектор за заштита на  животната средина.