Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Во Општина Ѓорче Петров 2.465 м² нови подови во основните училишта

Во продолжение на напорите за подобрување на условите за образование, градоначалникот Александар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во продолжение на напорите за подобрување на условите за образование, градоначалникот Александар Стојкоски изврши увид во тековните активности за реновирање на подовите во основните училишта на територијата на општината.

Во фокусот на вниманието беа подрачното училиште на ООУ „Димитар Поп Георгиев- Беровски“ и ООУ „Мирче Ацев“, каде што се реализираше замена на оштетените
подови.

Вкупно 2.465 квадратни метри подови ќе бидат обновени во сите училишни објекти, со цел да се осигураат подобри и побезбедни услови за учениците и наставниот кадар.

Реклама

Оваа иницијатива е дел од поширокиот план за модернизација на образовната инфраструктура, која има за цел да ги подобри условите за престој и работа во сите училишта на територијата на општината.

-Образованието е приоритет, а наша должност е да обезбедиме квалитетни и безбедни услови за нашите ученици. Со овие активности, ја осигураме иднината на нашите деца и истакнуваме дека нвестициите во образование се најдобриот можен избор за една заедница“, истакна Стојкоски.

Општината останува посветена на продолжување на ваквите проекти, со цел да се осигура дека секој ученик ќе има пристап до модерни и инспиративни училишни простории.