Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Економија

Во октомври издадени 446 одобренија за градба, 22.9 % повеќе од лани

Во октомври 2025 година се издадени 446  одобренија за градење, што е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во октомври 2025 година се издадени 446  одобренија за градење, што е за  22,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 10 596 843 илјади денари, што е за 25,1 % повеќе  во споредба со октомври лани. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба на Државен пат А2, делница Букојчани Кичево прва фаза, подделница Црвивци-Кичево со должина 6,527 км, кој е со вредност од 44 милиони евра.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 289 (64,8 %) се наменети за објекти од високоградба, 68 (15,2 %) за објекти од нискоградба и 89 ( 20,0 %) за објекти за реконструкција.

Реклама

Од вкупно 446 објекти, на 247 (55,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 199 (44,6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 177  станови со вкупна корисна површина од 101 286 м2.са/