Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Прилози

Во Москва парада, во Брисел прослави на Денот на победата

Со голема воена парада во Москва, Русија одбележа 80 години од победата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со голема воена парада во Москва, Русија одбележа 80 години од победата над фашизмот. На Црвениот плоштад минаа над десет илјади војници, двесте тенкови и друга воена опрема. Претседателот на Русија, Владимир Путин порача дека вистината и правдата биле на нивна страна.

„Вистината и правдата се на наша страна. Целата земја, општеството, луѓето ги поддржуваат учесниците во специјалната воена операција. Горди сме на нивната храброст и решителност, на цврстината што отсекогаш ни носела само победа“ вели Владимир Путин, претседател на Русија

На парадата присуствуаа кинескиот претседател Си Џинпинг, претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лупа ди Силва како други лидери од светот. Од Европа во Москва отпатуваа само српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо.

Реклама

Заради самиот настан преземени се и засилени мерки за безбедност над Русија, поради можност од напади од Украина. Додека Москва ја одбележува победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, Украина повикува на 30 дневен прекин на војната.

„Украина е подготвена за целосен прекин на огнот токму сега, уште од овој момент – за 30 дена молк. Само за реалноста. За да нема ракетни напади, да нема беспилотни летала и да нема стотици напади на фронтот. Ни требаат Русите соодветно да одговорат на ова – да го поддржат прекинот на огнот. Тие мора да ја докажат својата подготвеност да ја завршат војната“ вели Володомир Зеленски, претседател на Украина

Во Европската Унија, пак, 9 мај се одбележува како Ден на Европа. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека дури и во време на глобална несигурност, Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува.

„Ние сме уникатна демократија на 27 земји и 450 милиони, имаме солидна и динамична економија, но исто така и чист воздух, чисти училишта и слобода на говорот. Живееме подолг и поздрав живот од кое било друго место во светот и сме толку атрактивни што 12 земји се на листата на чекање за да се приклучат на нашата Унија. Па затоа да живее Европа и среќен Ден на Европа“ вели Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија

На 9 мај 1945 капитулираше Германија откако сојзузничките сили влегоа во Берлин, па оттогаш се прославува како Ден на победата над фашизмот. Во 1955 година, на истиот ден, беше донесена Шумановата декларација, документот што ги постави темелите на она што подоцна ќе прерасне во Европска Унија, па затоа и се прославува како Ден на Европа.

Давид Крстевски