Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложбата „Регенерација“

Во Културно-информативниот центар во Белград вечерва беше отворена изложбата „Регенерација“ на која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Културно-информативниот центар во Белград вечерва беше отворена изложбата „Регенерација“ на која се претставија три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска со обединувачки мотив – рефлексии врз уметникот во годините на пандемијата со Ковид-19.

Нивната заедничка ликовна концепција упатува јасно предупредување и порака „да не се предаваме на културата на заборавање, но и во сопствените регенерации низ сите животни процеси и предизвици, да ги имаме културата и уметноста како свои упоришта и сигурни прибежишта“.

-Лајтмотивот на вечерашнава изложба е пандемијата од Ковид-19 со која бевме опседнати и допре до сите нас, животно не загрозуваше и затоа изложбата се вика Регенерација – поради начините на реакција на уметникот за тоа преживување. Затоа во нивните дела забележуваме жилети, ќибритчиња, крв, остатоци од човечки тела изработени од лисја. Некаде ќе забележиме силни пораки кои не се само двосмислени туку имаат и повеќеслојно значење.Поентата е Регенерација – културата на секого од нас во многу животни фази и препреки и премрежија може да ни биде и упориште и засолниште, но исклучителен сојузник со предизвицит. нагласи директорот на КИЦ во Белград, Васко Шутаров.

Реклама

Маја Кировска, една од оние кои се претставија на изложбата вели дека во нивните дела се вградени траекториите на личните процеси на свое целосно регенерирање и враќање кон нормалните и вообичаени правила и стандарди на живеење.

-Во изложбата го рефлектиравме се она за кое размислувавме, она што не измачувало во периодот на ограничувања. Неизвесно беше како човекот ќе излезе од таа пандемија, но човекот излезе дека е жилав организам и го надмина тоа – затоа решивме да ја наречеме Регенерација со која даваме надеж – целта на постоењето ја гледаме во ширење позитивна енергија и затоа и такво име и дадовме на изложбата – иако се вградени во неа сите стравови. Името е Регенерација и означува Генерација – Различна генерација – Обновување и Генетика. Во изложбата експериментираме со различни медиуми, вели Кировска.

Изложбата во КИЦ во Белград ќе трае до 9 јули.