Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Во Македонија расте бројката на луѓе на кои им е неопходна трансплантација на бубрег, најмалиот пациент има 4 години

Расте бројот на бубрежно болните, во моментов во Македонија 1400 имаат потреба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на бубрежно болните, во моментов во Македонија 1400 имаат потреба од дијализа.Најмладиот пациент има само 4 години. Но бројката на луѓе на кои им треба трансплантација како единствен спас за нив, е многу повисока од официјалните.

Тие не фигурираат на листа за трансплантација, затоа што испитувањата кои мора да ги направат се многу скапи,а најчесто мораат и да ги повторуваат за една или две години. Од здружението “Нефрон” укажуваат дека број на транспалнтации од починат донор се врши многу ретко за што последниот збор го има семејството.

 “Таа трансплатација во Македонија е во некаква синусоида.Имаме години кога имаме по 10-тина трансплантации годишно, имаме години кога немаме ни една или едвај да имаме една, две.Ние знаеме некогаш да кажеме немаме доволно донори. Не може една година нашиот народ да сака да дарува,следната година да не сака. Значи потребно е воспоставување на еден траен систем кој што нема да зависи од желбата и ентузијазмот на докторите”-вели Душко Ѓоргиев -Здружение на бубрежно болни “Нефрон”.

Реклама

Докторите реални, во европските земји бројката на трансплантирани бубрежно болни изнесува околу 30-40 %, а во Македонија не повеќе од 14 % .

 “Процесот на трансплантација е сериозна работа ,не може без испитување веднаш пациетот да биде поставен на листата, бидејќи компликациите можат да бидат сериозни. Затоа апелот од оваа говорница е да работиме на подигнување на свеста за донирање на органи,особено кај пациентите, односно оние кои се починати”-вели др Никола Ѓоргиески-директор на клиника за нефрологија Скопје.

Изминавата година биле направени 4 транслантации од починат донор.

 “За една мала земја како Макеоднија бројката е респектабилна заради тоа што според сите светски статистики само 2 до 5 % од болничките смртни случаи отпаѓаат на мозочна смрт. И сега ако направиме една едноставна математика дека во нашите интензивни неги на годишно ниво се хоспитализираат 1000 пациети просечаната смртност е 20%. Од тие 20 % да ја земеме горната граница 5 % нека се мозочна смрт, ние имаме навистна еден мал пул”-вели проф.др Билјана Кузмановска-национален координатор за трансплантација.

И во една ваква ситуација пациентите не отстапуваат,бараатзголемување на бројот на трансплатации, подобрување на условите во центрите за дијализа и реновирање на центарот за трансплантација.Докторите пак укажуваат дека применуваат терапија со нови инватини лекови.Но заеднички став и на пациетите и лекарите е дека треба да се подигне свеста кај граѓаните за органодарителство и тоа да се направи со национална кампања. Но, е се така црно,имаме и хероски приказни-пациет кој 15 години чекал бубрег, сега живее здрав живот.Нити една трансплантација која е изведена во Македонија нема смртен исход.