Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Во Липково се славеше Слободна зона Карадак, која за УЧК беше симбол за „ослободена територија“ во 2001 година

Во Липково вчера беше прославен 2 Мај, за општината познат како Ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Липково вчера беше прославен 2 Мај, за општината познат како Ден на прогласувањето на слободната зона. Карадак, Кумановско, и Ден на општината. На својот Фејсбук-профил пратеникот Ријад Шаќири од Алијансата за Албанците од коалицијата Вреди напиша дека заедно со градоначалникот Еркан Арифи (од ДУИ), општинските советници на гробиштата оддале почит на мачениците кои своите животи ги дале во 2001 година. Карадак, планински регион во Кумановско, во 2001 година беше симболичен термин за „ослободена“ територија од ОНА/УЧК.

„Пред нивното возвишено дело и жртва, секој збор останува мал. Тие загинаа за достоинството, слободата и за иднината на нашиот народ. Крвта на мачениците е најголемиот завет за идните генерации и темелот врз кој почива нашата национална гордост. Денес се поклонуваме не само пред нивните гробови, туку и пред славната приказна што ја пишуваат со своите животи. Вечна слава на мачениците на нацијата“, напиша вчера Шаќири на својот Фејсбук-профил.

Тој објави неколку фотографии од прославата пред споменикот на Исмет Јашари, познат како командант Кока на УЧК, загинат за време на конфликтот во 2001 година. Јашари бил активен во вооружените дејства во северниот дел на Македонија.

Реклама

Ријад Шаќири е пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на Алијанса за Албанците. Тој во февруари годинава на собраниска седница се појави со значка на албанското знаме на реверот, што предизвика тензии. Тогаш, на седница за пратенички прашања реагираше премиерот Христијан Мицкоски, кој му забележа на пратеникот Шаќири дека на реверот носи значка со албанското знаме. Премиерот му посочи на Шаќири дека плата добива од буџетот којшто го полнат сите граѓани.