Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Во Куманово „Генералка викенд“

Во Куманово, денеска по шести пат пред градскиот базен, спортската сала и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Куманово, денеска по шести пат пред градскиот базен, спортската сала и на кеј, се одржува еколошката акција „Генералка викенд“. Ученици, претставници од ЈП „Чистота и Зеленило“ и од општината учествуваа на акцијата која се одржува во неколку градови.

Масовната акција е во организација на Одделението за животна средина при Општина Куманово, во соработка со организацијата „Man and mountagne LLC“ од  Австрија и со поддршка од ЈП „Чистота и зеленило“, Куманово.

– Давајќи свој придонес за почиста и поздрава животна околина, во најмасовната акција до сега, учествуваа претставници на општинска администрација, на Совет на Општината, над 500 ученици од основни и средни училишта, институции, граѓански здруженија, невладини организации, соопшти кумановскиот градоначалник. Преку грижа за животната средина и заедничка одговорност, целта е да се подигне колективната свест, создавајќи поквалитетен живот за сите, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

Реклама

Од ЈП „Чистота и Зеленило“ се задоволни од акцијата, чија цел е да се подигне свеста за зачувување на непосредната животна средина.

-Токму младите се оние кои учествуваа во акцијата. И ваквите аквци имаат цел да ја подигнат свеста за чување на непосредната околина. Сметаме дека успешно е реализирана – изјави директорот на претпријатието, Сашо Томиќ.