Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Во Крива Паланка утре ќе гласаат 218 болни изнемоштени лица

Во Oпштинската изборна комисија Крива Паланка е примен избирачкиот материјал за локалните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Oпштинската изборна комисија Крива Паланка е примен избирачкиот материјал за локалните избори во недела, кога правото на глас ќе можат да го остварат вкупно 16 534 граѓани регистрирани во Eдинствениот избирачки список. Утре своето избирачко право ќе можат да го остварат болни и изнемоштени лица, при што пријавени се 218 граѓани и двајца жители на Општина Крива Паланка кои престојуваат во дом за стари лица.

Исто така, утре ќе можат да гласаат 12 лица кои престојуваат во одделението на Казнено поправна установа затвор, Крива Паланка.

Во Крива Паланка во недела ќе се гласа на вкупно 47 избирачки места.

Реклама

На списокот на лица од оваа општина кои се во странство се запишани 749 граѓани.

На локалните избори во недела граѓаните на Крива Паланка ќе одбираат помеѓу двајца кандидати за градоначалник, Сашко Митовски од СДСМ, актуелен градоначалник и кандидат за втор мандат и Оливер Алексовски од ВМРО – ДПМНЕ, додека има и пет кандидатски листи за советници од: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЗНАМ, Левица и коалицијата “Искуство за успех”.