Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Во Крива Паланка се одржа свечено матурско дефиле низ градот

Во организација на Општина Крива Паланка и  средното општинско училиште „Ѓорче Петров“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Општина Крива Паланка и  средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, со свечено дефиле на матурантите од генерацијата 2022/2026 беше одбележано завршното поглавје од средното образование на младите средношколци од општината.

Со многу насмевки, емоции и младешка енергија, матурантите достоинствено дефилираа низ градскита улица, испраќајќи едно незаборавно средношколско поглавје и чекорејќи кон нови животни предизвици и успеси.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, упати искрени честитки до сите матуранти, со желби за многу среќа, успех и исполнети соништа, потенцирајќи дека токму младите се идните двигатели и градители на нашето општество.

Реклама

-Денес со посебна емоција, радост и тивка возбуда, заедно со матурантите од СОУ „Ѓорче Петров“ (2022–2026), го проследивме нивното достоинствено дефиле низ градот. Гордо испративме генерација која носи талент, сила и зрелост, генерација што со своето знаење и енергија ја гради иднината. Генерација што не следи време, туку го создава – идни градители на нашето општество- рече Митовски во обраќањето пред матурантите во дворот на училиштето.

По дефилето низ градот, на градскиот плоштад се одржа мала прослава и симболично збогување со средношколските денови.

Митовски им посака среќа и успех во сите нови предизвици што ве очекуваат.