Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Во Корча тркалезна маса на ОБСЕ со претставници на македонското и другите малцинства во Албанија

Во организација на ОБСЕ во Корча, Албанија, се одржа  тркалезна маса со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на ОБСЕ во Корча, Албанија, се одржа  тркалезна маса со претставници на малцинствата во оваа земја, на која како претставник на македонското малцинство учествуваше Васил Стерјовски.

На средбата присуствувал и амбасадорот на ОБСЕ во Албанија, Мишел Таран.

– Со голема благодарност до ОБСЕ за постојаната поддршка на правата на малцинствата во Албанија, ја искористив оваа прилика да ги изнесам предизвиците со кои се соочува македонската заедница.  Истакнав некои од клучните прашања за кои бараме поддршка, информираше Стерјовски.

Реклама

Посочи дека побарал зајакнување на образованието на македонски јазик, застапеност на Македонците во институциите на сите нивоа, загарантирани квоти за малцинствата во албанското Собрание, како и поддршка во создавањето на услови за економски развој во регионот каде што живеат Македонците.

– Посебно се осврнав и на актуелната политика на Бугарија, за асимилација на Македонците во Албанија, што е сериозен предизвик за нашиот идентитет и култура, додаде Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Изразил голема благодарност до амбасадорот Таран за неговата безрезервна поддршка и охрабрувачките зборови, кои „ни даваат сила и мотивација да продолжиме со нашата борба за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура”.