Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Во конкуренција за наградата „Оливера Николова“ за 2026 година пристигнати 46 ракописи

На вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, кој беше отворен од 11 септември 2025 до 11 јануари 2026 година, пристигнаа 46 ракописи.

Како што информираат од издавачката куќа Арс Ламина, пристигнатите необјавени романи, ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од: Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Ермис Лафазановски (прв добитник на наградата во 2025 година) и Јованка Денова (професорка по книжевност за деца).

Одлуката за добитникот на наградата за 2026 година ќе биде објавена на 11 март, на денот на раѓањето на Оливера Николова. Наградата е откупна и се состои од паричен износ од 60.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција на издавачката куќа „Арс Ламина“. Таа ќе биде врачена на посебен свечен настан.

Реклама

Наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади ја востанови издавачката куќа „Арс Ламина“, со поддршка на семејството на Николова, на 11 март минатата година. Николова почина на 3 ноември 2024 година.

Мисијата на наградата е двојна: да се одржи континуитет на големото авторско име на Оливера Николова со симболично творечко надоврзување на нејзината бележита трага во современата македонска книжевност, како и да се ревитализира еден од жанровите во кои Николова создаваше – романот за деца и млади.

На првиот конкурс победи романот „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски, избран од вкупно 38 пристигнати ракописи. Во најтесниот избор за наградата беше и ракописот „Сам во рој“ од Иван Дричко (псевдоним на Сашо Кокаланов), наведуваат од издавачката куќа.