Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Во кавадаречки „Комуналец” предадени две нови возила за смет

Две нови возила за смет беа предадени денеска во јавното претпријатие „Комуналец”…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две нови возила за смет беа предадени денеска во јавното претпријатие „Комуналец” во Кавадарци. Секое од возилата е со површина од четири кубни метри. Обезбедени се од Центар за развој на Вардарски плански регион, во соработка со Општина Кавадарци, преку апликација, од државниот буџет.  Директорот на комуналното претпријатие, Гоце Ангеловски појасни дека се работи за возила што ке можат да влезат во тесни улички, како таканаречената крива чешма во градот, каде не можат да влезат стандардните камиони. 

– Сето ова ќе значи уште подобра услуга за кавадарчани, нагласи Ангеловски, кој се заблагодари за донацијата,  до Вардарски плански регион и Општината. Ангеловски потсети дека за две и пол години, како раководи со претпријатието, обезбедени се 20 возила. 

Градоначалникот Митко Јанчев додаде дека ваквите возила се погодни и за јавни површини, како паркови, бидејќи секаде може да влезат.  

Реклама

– Досега сме еден од најчистите градови во Македонија, посочи градоначалникот, нагласувајќи дека тоа се однесува за урбаните, но и за руралните средини.  

Јанчев посочи дека за одгодина прават план и за селекција на отпадот. 

Честитајќи го третиот мандат на Јанчев како градоначалник, Сашо Мошев, претседател на Центар за развој на Вардарски плански регион,  изрази надеж и за понатамошна соработка. Тој истакна дека со ваквите проекти се зајакнува соработката.