Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Во Кавадарци одбележани  113 години од Тиквешкото востание

Во Кавадарци денеска беа одбележани  113 години од Тиквешкото востание. Бројни делегации положија цвеќе пред споменикот во паркот Полана, а историчарот, професор доктор Далибор Јовановски, одржа историски час. Јовановски раскажа дека по петвековното турско ропство, кога Србите дошле во Кавадарци, народот ги дочекувал со ракија, но многу брзо станал свесен дека дошле нова власт и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Кавадарци денеска беа одбележани  113 години од Тиквешкото востание. Бројни делегации положија цвеќе пред споменикот во паркот Полана, а историчарот, професор доктор Далибор Јовановски, одржа историски час.

Јовановски раскажа дека по петвековното турско ропство, кога Србите дошле во Кавадарци, народот ги дочекувал со ракија, но многу брзо станал свесен дека дошле нова власт и ново ропство, што не дозволувала автономија за Македонија. Самиот начин на кој била практикувана новата српска кралска власт, наведе тој, предизвикал поголем и поголем револт кај населението. Решението за востание било донесено во кавадаречкото село Бегниште. Меѓу оние кај кои преовладувала решителноста за борба против окупацијата, бил и Димитар Диме Пинџуров, таткото на народниот херој Страшо Пинџур. Востаниците храбро се бореле и давале херојски отпор.

– Некои од српските војници ја заробиле краткотрајно Наца Пинџурова, мајката на Димитар Диме Пинџуров. Ја малтретирале, ја мачеле. Таа отворено им кажала, а бре синко, не знам каде е син ми, па и да го знам, прилега ли на мајка да го предаде синот на душманите – рече професорот. 

Реклама

Биле ослободени Кавадарци и Неготино, како и голем дел од селата во Тиквешијата. Спротивната страна пак,  рече професор Јовановски, вршела жесток терор врз населението.

– Постојат многу извори за бројот на жртвите, се смета дека над илјада луѓе биле убиени во Тиквешијата, или огромна бројка. Настанот оставил одредени трајни последици врз населението во целата Тиквешија, рече Јовановски.