Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Во Гостивар се одбележува 18 Ноември, Денот на ослободувањето

о низа активности вчера и денес во Гостивар се одбележуваат 81 година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

о низа активности вчера и денес во Гостивар се одбележуваат 81 година од ослободувањето на Гостивар. Претпладнево, со положување на цвеќе и пригоден собир пред споменикот во градскиот парк беше оддадена почит на жртвите во Втората светска војна од гостиварскиот крај.

За важноста и историскиот аспект на празникот во говорот потсети претседателот на Општинскиот одбор на сојузот на борци Гостивар, Радислав Ѓиноски, кој меѓу другото кажа дека од 18 ноември 1944 година Гостивар опстојува како слободен град.

-Денес заеднички го одбележуваме најзначајниот ден од историјата на нашиот град. Токму затоа, денес се навраќаме пред 81 година за да се потсетиме и да им оддадеме почит на нашите претходници. Затоа, наша обврска и задача е да ја чуваме слободата, рече Ѓиноски.

Реклама

Одбележувањето на празникот, започна синоќа со отворање на изложбата на фотографии од минатото на Гостивар. Во големата сала на центарот за култура „АСНОМ“ се одржа и свечена академија со културно-уметничка програма и беа доделени признанија на ученици кои испратија литературни творби на традиционалниот литературен конкурс. Одбележувањето на празникот ќе се заокружи вечерва со целовечерен концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“.