Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Во Гевгелија повторно јавна презентација на проектот „Гасовод меѓу Македонија и Грција“

Во Гевгелија утре повторно ќе се одржи детална јавна презентација на проектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Гевгелија утре повторно ќе се одржи детална јавна презентација на проектот „Гасовод меѓу Македонија и Грција на територијата на Македонија“. Презентацијата ја организира Акционерското друштво за вршење енергетска дејност- пренос на природен гас „НОМАГАС“- Скопје во државна сопственост, во соработка со Општина Гевгелија.

Според соопштението од Општина Гевгелија, главната цел на повторната јавна презентација е граѓаните и деловните субјекти од Општината, како и пошироката јавност, да се запознаат со деталите за Проектот, неговото значење, како и со планираните технички решенија и активности на подрачјето на Гевгелија и територијата на нашата држава.

Од локалната самоуправа ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, компании и организации да присуствуваат на јавната презентација и активно да се вклучат во процесот како дел од заложбите за транспарентност и вклучување на јавноста во процесите од областа на енергетиката.

Реклама

Јавната презентација ќе се одржи утре во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија со почеток во 11:00 часот.