Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: За приоритетите за Судски совет: Парите за тоалети и конференции поважни од скандалот Пајазити

Нови тоалети, Пиар агенција, истражување на јавното мислење и организање на меѓународни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови тоалети, Пиар агенција, истражување на јавното мислење и организање на меѓународни конференции во странство. Додека јавноста чека на одговорност од судијата Пајазит Пајазити кој досега носеше скандалозни одлуки во случаи поврзани со корупција и луѓе од ДУИ, членовите на Судски совет расправаат за парите и јавните набавки што им се доделени за тековната година.

Пајазити не се појавил на дисциплинската, а доставил белешка дека е болен и расправата е одложена за 20 февруари. Минатиот пат, отсуството тој си го оправда со патување во странство. Се уште е неизвесно дали и наредниот месец ќе достави нова белешка и ќе си ја одложи одговорноста за бегството на Блерим Рамадани кој од затворски го смести во куќен притвот.

Во меѓувреме, членовите на Судски совет работат турбо. Селим Адеми кој во советот се смести на предлог од ДУИ, а претходно беше државен советник во Министерството за правда и во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор тврди дека довербата на граѓаните е 20%, па дури и 30 % според истражувањето на Зружението на судии, а другите институции маниплирале со бројкитe. Затоа им требале пари самите да истражуваат.

Реклама

Поранешната претседателка Весна Дамева која седна во Советот на предлог на шефот на државата Пендаровски и нема ниту еден ден судиски стаж, бара пари зошто Советот требало да организира меѓународни конференции, а и да се ангажира ПИАР агенција.

Адвокатката Чочоровска Илиевска за која има обвинувања дека пред да стане член на Советот, била донатор на СДСМ и пречат тоалетите во Советот.

Сепак, членовите беа на два ума дали да го одложат гласањето за годишниот план за јавни набавки за 2025 бидејќи поради законски рокови можеле да останат и без овие пари кои им се доделени. Меѓу другото на седницата беа затворени речиси сите претставки од граѓани и здруженија против постапувањето на судиите од цела Македонија.