Реклама
Македонија

„Во Фокус на Алфа“: Организатори нема, извршителите на 27-ми април гнијат во затвори – Македонски правосудни апсурди

И покрај тоа што нема организатори, сепак 17-мината од случајот за настаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај тоа што нема организатори, сепак 17-мината од случајот за настаните од 27 април се уште се теорирсти според судот и обвинистелството. Преживеа изживување, малтретирање и лежат драконски казни за дело за кое многумина е  обична фарса и организирана политичка хајка на претходната власт.

Обвинението за наводните организатори на 27 април падна во вода како неосновано, а наводните извршители се уште се во затвор, со казни повисоки од убијци. После шест години агонија и прогон се потврди политичката хајка врз поранешните функционери кои беа обвинетите како организатори на настаните. Обвинителството за организиран криминал призна дека немало основ за кривичен прогон бидејќи не се почитувал Законот за амнестија за настаните од 27 април, кој веќе бил во сила.

  • Обвинението мораше да падне пред воопшто да влезе во судска процедура. Мислам, дека тројцата, а особено би рекол главниот обвинет г.Трајко Велјановски, да се изложени на сериозен политички прогон. Кој што сака нека рече, но факт е дека тие луѓе ги изгубија шансите за понатамошен политички кариери и воошто нивните семејства беа вознемирани и изложени на секакви „шикандирања“ од секаков вид. И мене навистина ми е жал што беа потребни цели шест години за да се дојде до овој момент кога јасно дека тројцата се веќе слободни луѓе односно ќе бидат опфатени со Законот за амнестија“ коментираше за Алфа новинарот Героски. 

Затворската казна, изречена на таканаречените организтори изнесуваше вкупно 25 години, а обвинетите за терористичко згрозување на уставниот поредок, добија 2 века и 11 години затвор. Двајца од обвинетите – оние кои ги отворија вратите на собраниската зграда беа амнестирани. Оттука паѓа во вода делото кое им се става на товар и за што беа осудени.

Реклама
  • Сметам дека посебно овој предмет и оваа правна квалификација станаа фарса во моментот кога едното или двете лица кои што ја отворија вратата на Собранието беа амнестирани. Доколку таа врата не беше отворена овие луѓе и сите кои што беа на овој протест можеше да протестираат со денови, но никогаш не можеше да влезат во Собранието. После нивното амнестирање предметот апсолутно го губи целиот свој смисол“, изјави Миланов – Адвокат на 17.04.2022.

Правната квалификацијата „териростичко загрозување на уставниот поредок“ за настаните од 27 април не можеше и не смееше да се наметне, и тоа го знае не само стручната фела туку и македонската јавност смета адвокатот Миланов,. Според него, смислата на членот 313 од Кривичниот законик, по кој осудените добија драконски казни, е дека некој сакал да го промени уставниот поредок – иако, за време на двомесечните протести, никој од здруженијата не изјавил дека сака да се промени системот или да се урниса уставниот поредок. Дека квалификацијата е погрешна, според Миланов покажува и тоа што во над 1000 страници од пресудата, никаде не пишувало загрозување на безбедноста на државата, што исто така е елемент на членот 313 од КЗ.

  • Апелација ја намали казната тривијално, значи ние не баравме казната да биде намалена, ние баравме за ова дело за кое обвинетите се гонети да бидат ослободени. Значи ние не баравме милостина, ние баравме правда, никој тука не е терорист и никој тука не го загрозил уставниот поредок на Република Македонија“, изјави Пешевски – Адвокат на Ќосето – 10.04.2022.

И самите обвинети пред камерата на Алфа побараа преквалификација на делото односно да одговараат за она што навстина го сториле а тоа не е терорирстичко загрозување на уставниот поредок.

  • Се што имам сторено имам сторено од патриотски прични и ако е терорист човек кој што си ја сака државата, човек што војувал во 2001-ва, бев во Лавовите и многу други работи сум направил за државата. И ако човек кој влегол без оружје, без никакво насилство во Собранието, тогаш нека бидам терорист, вели Горан Ангелов на прашањето дали се чувствува како терорист“ изјави Горан Ангелов Ќосето за Алфа на 18.11.2023.

Тоа што македонските судови со години како да не сакаа да го видат, многу јасно го видоа во Стразбур.. Тамошниот суд за човекови права, пресуди во корист на обвинетите.. Од таму има неколку пресуди кои ги потврдија аргументите на одбраната за политичко гонење на обвинетите за настаните од 27-ми април.

  • Јас оваа битка ја добив, многу ми е драго што е прва добиена битка, зошто ќе биде многу значајна за текот на битките што дополнително ќе бидат водено. Искрено верувам дека ќе следат и други вакви пресуди , и продолжуваме за конечна победа на неправодно осудените уставобранители, рече Божиновска за Алфа на 20.05.2023 година .

И не само Стразбур, туку и шведскиот суд е со став дека осудените од 27 април се политички затвореници. Тамошниот Врховен суд не го испорача  Дејан Давидовски Дешо иако тогашните македонски власти го бараа тоа, со образложение дека наместо за протест, обвинетите се гонат за тероризам.