Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Весна Дамева – од стручен соработник и член на правната комисија на СДСМ до претседател на Судски совет

Стручниот соработник Весна Дамева ќе биде нов член на Судскиот Совет. 2019-та…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стручниот соработник Весна Дамева ќе биде нов член на Судскиот Совет. 2019-та година Стево Пендаровски како тогашен претседател ја предложи Дамева како истакнат правник кој заслужува да биде дел од највисокото судско тело, иако јавноста бурно реагираше на ова, исто колку и на фотографијата на која Дамева стои до експремиерот Зоран Заев како дел од Правната комисија на Социјал-демократскиот сојуз. Дамева до последно тврдеше дека не била член на ниту една политичка партија, но сепак фотографијата која ја виде јавноста остана во нејзиното досие.

Таму пишува и дека таа беше претседателка на Советот две години со пауза од осум месеци бидејќи нејзините колеги на чело со Селим Адеми се одлучија да ја разрешат. За тоа немаа можност па постапуваа и незаконски.

„Претседателката е разрешена и веќе не може да раководи со седницата. Утре, во 11 часот закажуваме нова седница. За денеска седницата е завршена“, констатира заменик-претседателот на Судскиот совет, Селим Адеми.

 „Многу сте нервозни, колеги, забележувам, очигледно Весна Дамева треба да се разреши, но Дамева не е проблемот“, рече Дамева.

За тогашната претседателка, забелешка имаше и нејзината претходничка, Павлина Црвенковска која си замина од функцијата бидејќи како што рече имала притисоци од како што рече судско бизнис-елита.

Реклама

„Вашиот монолог ги заменувате тезите. Излегува дека вие сте тие што се борите на законито работење на Судскиот совет, а нас, другите челнови, нè деградирате и навредувате дека не сме за законито и совесно работење“, рече Црвенковска.

Нарушените меѓучовечки односи во судскиот совет, беа оцените како каубојско однесување на членовите на највисокото судско тело.

 „За забележување е тоа разрешување беше каубојско. Господинот Селим Адеми седна, чукна на маса, и под наводници ја разреши старата односно сега истата претседателка и постапувањето на Управниот суд е логично. Но дали тоа треба да се .лучува во една демократска држава е друго прашање. Ако вие вклучувате суд да решева за вашите интерни, внарешни прашања што останува тогаш за вашето постапување? Вашето постапување и вашата вредност е еднаква на нула“ вели Сашко Дукоски, адвокат.

Тензијата помеѓу членовите на Судски продолжи и понатаму. Несогласувања, викање имаше речиси и на секоја седница. Но немаше слух за барањата за оставки од сите членови во ова тело. Советот доби нов претседател, Сашко Георгиев, а Дамева се жалеше за нејзино незаконско разрешување.

После осум месеци се врати на функцијата.

„Јас не очекувам, ниту од еден член на Судскиот совет, и не би сакала да верувам, дали на тивок начин или гласно ќе ја опструираат работата“ рече Дамева.


Во меѓувреме, холандската амбасада раскина договор вреден речиси милион евра. Ова Пендаровски, кој ја предложи Дамева заедно со Адеми го оцени како брука.

„За жал целата постава на овој Судски совет прилично се избрука во очите на македонската јавност. Во таа насока мислам дека е сосема коректна изјавата на холандскиот амбасадор да повлечат проект кој имаа намера да го спроведуваат со членовите на Судскиот совет. Би сакал да видам не само од холандската амбасада туку и од неколку други амбасади во Скопје да ги повлечат своите проекти и парите кои ги даваат, не само на Судскиот совет туку и на невладини организации и медиуми кои очигледно сите овие години наназад работат со европски пари а против Европа“, рече претседателот Пендаровски.

Три дена пред да и истече мандатот, Дамева реши да си даде оставка. Тоа рече го прави поради притисокот кој го чуствувала од изјавите на извршната власт бидејќи сакаше уште осум месеци да биде претседател, колку што беше и разрешена од колегите.

Обидот за продолжување на претседателската функција бил тема на затворен колегиум и сега е предмет на истрага во МВР, бидејќи за тоа неофицијално се правеле фалсифукувани записници.