Вилма Русковска, Љубомир Јовевски, чарлиевите анѓели од СЈО што наплатија милиони, случајот 27 април, Весна Дамева, судиите на ДУИ и разбудениот државен обвинител Љупчо Коцевски.
Ова се само дел од состојките кои го прават судско – обвинителскиот колач, а јаготката на шлагот е довербата од само 2%.
Системот е келкнат на колена, а со години наместо правда произведува само политички хајки и огромни скандали. А, вака почна

Оваа често повторувана изјава на екс премиерот Зоран Заев влеваше надеж дека СДСМ во својот мандат ќе се залага за реформи во правосудниот систем и за судови кои ќе бидат независни. Заев четопати ветуваше силна и професионална судска власт која нема да потклекнува под каков било притисок. А, како понатаму се одвиваше.
Пензионирана, но не и заборавена. Вилма Русковска. Последиците што ги остави нејзиното шефување во Организиран криминал се чувствуваат и сега. Важеше за обвинител на СДСМ која гонеше политички нарачки како случајот со 27 април, а кариерата и ја запечати Арафат Муареми од истата партија. Сакаше да ја тресе финансиската полиција.
Стопената доверба се должи на судиите кои се поврзуват со ДУИ. И таа листа не е куса. Судијата Пајазити кој му дозволи на УЧК командантот Блерим Рамадани да избега удобно си седи во фотелјата како заменик на шефот на Кривичен, Иван Џолев.
Енвер Беџети за кого САД тврди дека зел мито и чувал предмети во фиока, Членот на Судски совет Селим Адеми кој го спаси од истрага претеседателот на Управен Сејдини за сомнежите и злоупотребите на АКМИС системот.
А, и има и такви судии на кои им лепи раката. Како што е велешката судијка која со фалсификати додели дуќан, врховниот судија што зема мито и лежи во затвор, а син му суди во скопскиот Кривичен суд. Меѓу нив е и членот на советот на обвинители, Иџет Мемети кој поткупот од 10.000 евра требаше да го подели со врховниот судија.
Има и амбициони судии. Па така Добрила Кацарска откако македонските бранители од случајот 27 април со пресуда ги обележа како терористи, сега дели правда во Уставен суд. На иста фотелја да седне имаше амбиција и екс државниот обвинител Јовевски откако во неговиот мандат ги протурка сите постапки на политички прогон, но не му се оствари сонот. После толку скандали, нормално е граѓаните да се разочарани
Според адвокатот Сашко Дуковски, никакви реформи нема да го закрепнат кревскиот судски систем , ако функционерите си ги задржат фотелјите. После сето ова, очигледно е дека судството е во бездна, а реформи се повеќе од итни.
