Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Од најави до отварање на судството како пупка, до свенато цвеќе

Оваа често повторувана изјава на екс премиерот Зоран Заев влеваше надеж дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оваа често повторувана изјава на екс премиерот Зоран Заев влеваше надеж дека СДСМ во својот мандат ќе се залага за реформи во правосудниот систем и за судови кои ќе бидат независни. Заев четопати ветуваше силна и професионална судска власт која нема да потклекнува под каков било притисок. Сепак, осум години подоцна резултатите се и повеќе од разочарувачки. Довербата во судството е на историски најниско ниво, или „скромни“ само два проценти. Последниот удар што го доби судскиот систем, беа измените на Кривичниот законик.

„Предложените решенија, намалување на предвидените казни во член 353, како и бришењето на некои ставови се движи во таа насока, да бидат на линија на неговиот концепт, во кој што се има направено стандардизација на критериумите за одмерување на казните. Се додава ново дело, злоупотреба при јавните набавки“, изјави заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ

Иако критики за ваквите измени стигнаа од сите страни, тогашната владејачка коалиција имаше само една цел – да ги амнестира високиот криминал и копрупцијата. Најостри беа од Европската Унија, за кои неприфатливо беше и европското знаменце на законот кој преку ноќ мина низ Собранието.

„Секако ја паметите изјавата од минатата седмица од Европската комисија во Брисел во однос на измените на Кривичниот законик, пред сè, користењето на европското знаменце, кое тие го сметаат за несоодветно и тоа е едно од прашањата за кое треба да се дискутира. Исто така, ризикот кој го идентификува Комисијата дека ваквите промени може да доведат до зголемување на неказнивоста“,
рече Дејвид Гир, поранешен амбасадор на ЕУ во Скопје

Секоја нова анкета дополнително ја уриваше и така ниската доверба во правосудниот систем. И судиите и обвинителите лоши оценки му дадоа и на Судскиот и Советот на ЈО. Над 70 отсто од анкетираните не се согласија дека Судскиот совет е заштитник на независноста на судството. Од друга страна, дека Советот на ЈО, ја гарантира независноста и непристрасноста не мислат дури 58 отстро од анкетираните обвинители, 56% не веруваат дека членовите независно ги носат одлуките. Но, тогашните претседателите со идентични изјави не ги земаа предвид оти анкетата била анонимна.

„Се доведува во прашање интегритетот на судиите. Тие анонимно пријавуваат аномалии, а од друга страна да не ги истакнат ваквите аномалии, сами на себе си препишуваат дека немаат доволно храброст,“ рече на 15.06.2023 Сашко Георгиев – поранашен претседател на Судски совет

„Прашањето е дали резултатите би биле исти доколку се спроведе кај сите обвинители. По половина не можеме да знаеме дали е само тој дел незадоволните,“
кажа Антонио Јолевски, Поранешен претседател на Советот на ЈО

Оценската мисија на ЕУ стигна да го спасува највисокото судско тело. Таму беше најалармантно. Тимот кој дојде да го спасува Судски беше уште позагрижен од домашната фела за владеењето на правото и борбата со корупцијата и даде вкупно 40 препораки, кои јавноста никогаш официјално не ги виде.

На таа адреса беа испратени и критики од страшките партнери, а холандската амбасада отиде и чекор понатаму. Раскина договор вреден без малку милион евра.  

„Една институција која што им служи на своите граѓани, која што ги штити невините и ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот. Затоа што денес, како што амбасадорот Коп живописно го опиша, довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска“, истакна на 03.07.2024 Анџела Агелер, амбасадор на САД во Скопје

Од назначувањето на Весна Дамева, којa се поврзуваше со правната комисија на СДСМ, па се до нејзиното разрeшување, и повторно враќање на претседателската функција, па и нејзиина оставка – се беше помалку или повеќе скандалозно. Правниците најмногу замерија за нејзиното поставување како член, инаку стучен соработник во скопскиот Кривичен да одлучува за судбини дури и на врховни судии. Унапредувања и тајни отфрлања на пријавите против судиите беа само дел од низата помалку или повеќе скандалозни одлуки.