Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Обвинителството ја префрла топката кон полицијата зошто не постапувале по допрен глас, правниците реагираат: „Кој издава наредби?“

Јавното обвинителство не постапувало по допрен глас бидејќи не секогаш постои криминал,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното обвинителство не постапувало по допрен глас бидејќи не секогаш постои криминал, за се она што медиумите и партиите обвинуваат. Полицијата требало да истражува и да поднесува кривични пријави.

Дел од правната фела не се согласува со овој став на обвинителите. Според нив, Обвинителството е тоа кое треба прво да реагира, а не да се вадат на полицијата.Па кој издава наредби? Како институциите ќе постапат ако немаат наредба од јавен обвинител, појаснува адвокатот Сашко Дуковски.

Милионскиот тендер на фирмата Еуровиа што ја подготви салата Борис Трајковски за министрите на ОБСЕ; надзорот на автопатите Бехтел и Енка, кабел-виновник за пожарот во кој загинаа 14 луѓе во тетовската модуларна болница. Ниту еден коруптивен скандал не го разбуди Обивнителството. Го разбуди црната листа на САД и апелот на амбасадорката Анџела Агелер до истражните органи да го проверат сомнежот за криминалот на Артан Груби.

Реклама

Челникот во обвинителството, Ључо Коцевски заедно со шефот на Организиран, Ислам Абази и шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски тврдат дека постапуваат по допрен глас.

Коцевски има неверојатно објаснување зошто за некои истраги обвинителството добро слуша и гледа и не им се потребни кривични пријави, а зошто за некои коруптивни скандали молчат.  

За пример го даде и влегувањето на Обвинителството во Министерството за финансии. Како што појасни, по две недели од доаѓањето на новата власт, двајца обвинители влегле во финансии. Било потребно да се запленат компјутерите и не го сториле тоа за да не ја блокираат државата.

„Тогаш и објаснивме на министерката што е институтот „допрен глас“ и и беше укажано за начинот на кој можеме да постапиме. Министерката кажала на повисоко ниво и толку. Ако постапувавме за 10 минути ќе се блокираше државата. Лесно е политичари и медиуми нешто да објават и кажат, но не секогаш е возможно да се постапи по допрен глас. Државното обвинителство секогаш постапува во рамки на своите надлежности и цени дали има елементи на кривично дело.

Сепак, за луѓето од Црната листа на САД не им требаат другите институции да отворат истрага, самите обвинителите веднаш постапуваат. За сите од Црната листа на САД, Коцевски се пофали дека се отворени истраги, и тоа по допрен глас. За градоначалниците Стефче Јакимовски и Рамиз Мерко веќе течат судски постапки.