Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Како да се врати довербата во судско обвинителскиот систем?

Листата на судии и обвинители кои го урнисаа судството и ја стопија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Листата на судии и обвинители кои го урнисаа судството и ја стопија довербата на граѓаните е долга.

Судијата Пајазити кој му дозволи на УЧК командантот Блерим Рамадани да избега  удобно си седи во фотелјата како заменик на шефот на Кривичен, Иван Џолев.

Енвер Беџети за кого САД тврди дека зел мито и чувал предмети во фиока, велешката судијка која со фалсификати додели дуќан, врховниот судија што зема мито и лежи во затвор, а син му суди во скопскиот Кривичен суд.

Реклама

Членот на советот на обвинители, Иџет Мемети кој поткупот од 10.000 евра требаше да го подели со врховниот судија.

Добрила Кацарска која македонските бранители од случајот 27 април со пресуда ги обележа како терористи, а сега дели правда во Уставен суд.

На иста фотелја да седне имаше амбиција и екс државниот обвинител Јовевски откако во неговиот мандат ги протурка сите постапки на политички прогон.

И заспаниот актуелен државен обвинител, Коцевски, кој од зимски сон го разбудија Американците.

И самите судии не му веруваат на Судски совет, покажаа анкетите спроведени во судовите.

Судскиот систем е во бездна, бидејќи граѓаните се соочуваат со корупција во судниците, но и поради скандалите коишто го тресеа системот, коментира претседателот на Транспаренси Интернешнл Благоја Пандовски.

Реформи, ветинг и чистка, нови законски решенија и имплементација на препораките на Оценската мисија што влезе во Судски совет кои не носат никакви суштински промени. Тие само ги заоструваат критериумите за избор на членовите на Судски совет. Постои ли начин како македонското правосудство може да закрепне и граѓаните да почнат да им веруваат на судиите и обвинителите.

Години наназад Македонија во сите извештаи на ЕК е критикувана за недовербата на граѓаните во судството и високиот степен на корупција. Дополнително, Европската комисија критикуваше и за измените на Кривичниот законик со кои голем број на предмети со висока корупција застареа.

Последно Стејт департментот посочи корупција во судските кулоари. Црната листа на САД за првпат стави име на судија за кои се сомневаат дека е вмешан во корупција. Исто така, тие посочија дека невозможно е македонските институции  досега да не ја виделе корупцијата во судските редови. 

Допрва, Владата ќе мора да најде начин како ќе ја врати правдата. Уште потешка нејзина задача е враќањето на довербата кај граѓаните, бидејќи изгубена доверба многу тешко се враќа.

Паула Костадиноска