Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Ќе смени ли брзина обвинителството? Тошковски очекува ист третман за сите кои се огрешиле пред законот

Обвинителите не постапуваат по сите предмети со иста посветеност и брзина. Дали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителите не постапуваат по сите предмети со иста посветеност и брзина. Дали неажурноста на некои јавни обвинители се должи на евентуално некаков притисок или политичка поврзаност, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, не сака да шпекулира. Сегашната соработка со ОЈО ја оценува како добра и се надева дека сите кои се огрешиле пред законот ќе се третираат подеднакво пред лицето на правдата.

Помеѓу МВР и Обвинителството има добра соработка. За жал, во дел од предметите кои што сме ги спроведувале во минатото, а кои што се однесуваат на одредени „вип“ личности еве да ги кажеме, добро познати на јавноста, од минатото, не можам да бидам задоволен од аспект како течеле процесите особено од временски аспект за преземање на дејствија и се надевам дека во иднина сите оние кои што ќе бидат предмет на кривичен прогон и процесиурање од страна на сите истражни органи ќе бидат спроведени во рамки на еднакви постапки и ќе може и ние и јавноста ќе можеме да заклучиме дека секој еден кој се огрешил одговара еднакво пред законот. Не би сакал да шпекулирам од аспект на причините кои што поттикнале таков тип на неажурност, но факт е дека имаме различен третман од предмет до предмет, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во министерството за внатрешни работи се водат голем број истраги за висока корупција, но Тошковски не открива детали. Тврди дека доколку имаат сознанија и докази дека работењето на некој судија или обвинител се коси со законите ќе постапат идентично како и со случајот со врховниот судија, Наке Георгиев и членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети.

Реклама

Со сузбивање на таков на криминал покажуваме одлучна борба со корупцијата. Така треба и да се продолжи да се работи и во иднина. Да нема привилегирани, да нема луѓе кои ќе бидат недостапни на органите за прогонот. Самото тоа што 30 години наназад сме немале таков тип на високопрофиран случај на корупција, при тоа фатени на лице место, како се поткупени, сметам дека таков тип на соработка треба да биде пример за во иднина, додава Тошковски.

За да се унапреди соработката помеѓу МВР и обвинителствата и судовите, се потпишани повеќе меморандуми за размени на електронски податоци.

Базите на информации кои ги имаме во МВР, максимално ефикасно и брзо се споделуваат со правосудните органи, и обратно, базите на податоци на ОЈО и судовите да ни бидат нам достапни, од апекст на сите они процеси кои ги спроведуваме. Еден пример би кажал, во делот на работата на МВР, а тоа се дозволите за поседување на оружје кои во минатото, биле злоупотребувани од одредени моќници во МВР, на овој начин ќе ги намалиме времеските интервали на комуникација кои што биле пракса во минатото и од друга страна ќе ја намалиме можноста за корупција, вели Тошковски.

Со ваквите договори, обвинителството ќе добие директен електронски пристап до базите на податоци кои ги води МВР за државјанство, за моторни возила, за живеалиште и престојувалиште и за поседување оружје.Размената на податоци во електронска форма ќе се врши преку поднесување на електронски барања и од Министерството и од обвинителството.