Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Во двор во зграда, никнува нова зграда, охриѓани бараат стопирање на градбата

Дванаесет семејства кои скоро 6 децении живеат во зграда во центарот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дванаесет семејства кои скоро 6 децении живеат во зграда во центарот на Охрид, се борат да си го сочуваат своето, бидејќи буквално во нивното дворно место, никнува нова зграда. Нивната голгота трае веќе еден месец, а надлежните никаде ги нема и покрај бројните барања кои ги поднеле до секторот за урбанизам и локалната самоуправа на општина Охрид.

Станарите кои поседуваат целосна документација со која го докажуваат правото на сопственост, сега се соочуваат со узурпација.Не знаат нити кој е инвеститор, нити кој ги изведува градежните работи, бидејќи спротивно на законот за градење,на градилиштето нема информативна табла,нити пак истото е обезбедено.

Живеееме во страв, велат бидејќи зградата е многу стара и секој момент може да се сруши.

Реклама

– Оваа зграда е од 1963 година многу стара зграда е и е правена без грам арматурта. Во основа во темели, значи нема ни едно железо.Ние стравуваме најпвеќе откога ќе почне да се набиваат и тампонираат темелите, ќе дојде сигурно до големи потреси, рече станарот Зоран Дандушески.

– Каде ќе ги паркираме колите наши нема каде? А тие рекоа порано кога дојдоа ќе си ги залепите до зградите ние да си врвиме ваму, а патот наш каде е? Ќе дојди брза помош како ќе влезе? Ние си имаме свој живот, тој нека си гради ето таму, ама нашето да не ни го зема.И сега ова вака го копа,нема потпорен ѕид, зградава попушта, рече Марија Цаноска.

Станатите поседуваат тапија од 1960 година,имотен лист и решение за трасфорамција на имот од 2002-ра година.И покрај тоа,новата зграда е зацртана во дел од нивното дворно место.

Јас само можам да апелирам до урбанизам при Општина Охрид и локалната самоуправа, да се преиспитаат самите себе си затоа што овде се работи за приватен имот, нарушена е приварноста на станарите. Да си го сменат идејното решение за овој објект до нас што се гради, бидејќи при олкава постоечка улица бараа во нашиов двор да влезат, кое самовилие е тоа, рече Горан Попоски.

За ова побаравме став и од општина Охрид, но не добивме одговор. И станарите вчера се обиделе да му укажат на градоначаникот Георгиески кој заедно со носителот на листа во 5-та изборна единица Шеќеринска во рамки на кампањата проверувале како одат инфраструктурните активности во близина на спорната градба, но без да им свртат глава, кратко им било речено дека дошле да извршат увид на градежните работи на улицата. Станарите кои стравуваат за нивната безбедност, спремни се правдината да ја бараат на суд.

Росица Голабоска