Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Во двете велешки средни училишта во тек се повеќе градежни зафати

Во тек се градежни зафати во дворот, а завршија во спортската сала…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек се градежни зафати во дворот, а завршија во спортската сала кои заеднички ги делат двете велешки средни училишта – СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ и  ССОУ „Димитрија Чуповски“ попознато како Хемиско. Станува збор за два проекти кои засебно ги реализираат двете училишта, а се во вредност од над 10,5 милиони денари и се финансиски поддржани од Општина Велес.

Во рамките на проектот на Гимназијата „Кочо Рацин“ деновиве се врши уредување на пешачките патеки во дворот кој го делат две училишта, по што ќе се постават и нови клупи и друга урбана опрема.

Како што информира денеска за МИА Илија Попов, директор на Гимназијата „Кочо Рацин“, во рамките на проектот е  изведена и нова пристапна патека од паркингот позади училиштата, па до Младинскиот парк, со што се зголеми безбедноста при користењето на спортските терени позади училиштата.

Реклама

Инаку позади двете училиштата во рамките на новниот проект со заштитна ограда веќе се оградени спортските терени кои ги користат двете училишта, како и граѓаните, а посебно најмладите -децата.

Сите овие градежни зафати се проект на Гимназијата „Кочо Рацин“ и финансиски со околу 4 милиони денари се  поддржани од Општина Велес.

Реконструкцијата на покривот на спортската сала која ја користат двете училишта што веќе заврши е проект на Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“. Ова училиште во рамките на проектот наскоро ќе ја реновира и фасадата на Хемиска. Проектите кои ги реализира Хемиското училиште се вредни околу 6,5 милиони денари и се финансиски поддржани од Општина Велес. 

Изведувач на проектите во двете училишта е велешката фирма „Делта Пром“, а работите треба целосно да завршат до почетокот на идната учебна година.