Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Во Делчево одбележан Илинден со почит кон илинденците и борците за слобода

Со полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и пред споменикот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и пред споменикот на паднатите борци од Народноослободителната војна во центарот на Делчево, денеска беше одбележан 2 Август – Илинден, Денот на Републиката.

На спомен-плочата со имињата на загинатите борци стои пораката „Сонцељубиви, зар без вас ќе бевме ова што сме“, како потсетник на нивната жртва и придонес во борбата за слобода.

Во рамки на одбележувањето, членови на КУД „Гоце Делчев“ од Делчево читаа реферат за значењето на празникот, потенцирајќи ја историската важност на Илинден како симбол на македонската борба за слобода и државност.

Реклама

По повод празникот, градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој датум засекогаш е врежан во историјата на Македонија како симбол на слободата, достоинството и стремежот кон сопствена држава.

-Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година се темелите врз кои е изградена современата македонска државност. Тие претставуваат историски пресвртници што го трасираа патот кон независна и суверена Република Македонија, остварена на 8 Септември 1991 година- се наведува во честитката.

Гоцевски нагласува дека обврска на сегашните генерации е да го чуваат споменот и делото на илинденците и на сите кои се бореле за слободна и достоинствена татковина.

-Нивната жртва нè обврзува да продолжиме да градиме силна, просперитетна и европска Македонија, заснована на единство, развој и еднакви можности за сите- додава тој.

По повод празникот, градоначалникот им упати честитки и на сите граѓани кои го носат името Илија, посакувајќи им здравје, среќа и успех.

-Нека е честит и вечен 2 Август – Илинден! Нека е вечна Република Македонија-, се вели во честитката на Гоцевски.

Свеченостите за Илинден продолжуваат со културно – уметничка програма кај манастирот Св Илија во село Ѕвегор.