Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Во чест на младиот музичар Ѓоргиев струмичката гимназија засади дрвце во дворот и организираше евоцирање на спомени

Со засадување дрвце во дворот и перформанс со евоцирање спомени струмичката гимназија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со засадување дрвце во дворот и перформанс со евоцирање спомени струмичката гимназија „Јане Сандански“ денеска го одбележа загинувањето на младиот музичар Џоко Ѓоргиев (25), тапанар на групата ДНК, во дискотеката во Кочани, а кој средно образование завршил во ова училиште.

На засадувањето дрвце во гимназијата присутвуваа членовите на семејството на Ѓоргиев, ученици, професори и колеги на младиот тапанар.

На настанот насловен како „Спомени за нашиот Џоче“, зборуваа директорката на Гимназијата Невенка Стојанова, класниот раководител Јосе Печков и неговиот ментор по музика, професорот Денис Кирчанов.

Реклама

Во емотивното обраќање директорката Стојанова истакна дека уште при првата средба во училиштето го увидела неговиот голем музички талент.

„Јас на него му раскажував за мојата виолина, а тој мене за неговиот тапан. Си кажувавме каква музика слушаме и кои песни би биле најдобри за наредниот концерт. Се редеа концерти-„Евровизија“, „Времеплов“, „Диско“, „Деценија“, а тој од голобрадо момче порасна во сериозен музичар и столб на сите настани во училиштето,“ истакна Стојанова.

За заедничката работа со Ѓоргиев се присетија неговите соученици од училишниот орекестар, но и и пејачите Александра Јанева и Јовче Пандев.