Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Економија

Во Будимпешта потпишан договорот за унгарскиот кредит, парите кончено ќе станат достапни

Ставен параф на 500-те милиони за општините и бизнисот. Министерката за финансии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ставен параф на 500-те милиони за општините и бизнисот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во име на Владата во Будимпешта го потпиша договорот за заем со унгарската експорт-импорт банка . Со овие пари, покрај поддршката за компаниите и општините се обезбедува ликвидност на буџетот .Со ваквиот потег се очекува економијата да расте и да се решат дел од горливите проблеми, особено на локално ниво. Половина од парите ќе одат за проекти за општините за што веќе е распишан јавниот повик од министерството за локална самоуправа на кој се пристигнати 357 апликации од 80 општини. Според она што досега е најавено  откако ќе бидат избрани проектите со ресорните министерства, општините ќе ги добиваат парите преку наменска сметка

Со потпишување на Договорот денеска обезбедуваме 500 милиони евра за буџетска поддршка, за поддршка на локалниот развој преку проекти во општините, како и за поддршка на економијата. Тоа беше повеќе од потребно за нашата економија, која во првиот квартал имаше многу слаба економска активност и бараше мерки кои ќе направат раздвижување и забрзување на економската активност. Исто така, и реализацијата на проектите во општините претставуваа неопходност затоа што и тие ќе имаат позитивно влијание врз економската активност, а дополнително со нив ќе решиме и горливи проблеми на граѓаните, вели министерката.

Со парите за бизнисот пак ќе се придонесе за инвестициски циклус над 500 милиони евра. Бизнисот ќе ги добива парите по истите услови кои ги доби Македонија од Унгарија под услов да инвестираат во износот на средства кои ќе ги добијат.  Заемот како што информираа во повеќе наврати од владата е со многу поволни услови, рок на отплата од 15 години со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25 отсто.  Според Димитриеска – Кочоска поволните услови кои ги добиваме се благодарение на добрите политики кои ги води Владата,  доколку би се издало нова еврообврзница каматата би била двојна.

Реклама

Одлуката на Владата да го обезбедиме планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година преку билатерален заем од Унгарија, наместо со издавање нова еврообврзница, произлезе како резултат на поволните услови што ги добивме и заштедата што ја правиме само по основ на каматата. Каматните стапки по кои би ја добиле оваа сума на меѓународниот пазар е околу 6% и тоа е голема заштеда по буџетот по овој основ, односно заштеда на годишно ниво од околу 14 милиони евра. Дополнително и рочноста дава предност и помал ризик од потреба за рефинансирање , информираше Димитриеска- Кочоска

Пред да се потпише договорот беше изгласан закон во Собранието. Средствата треба да легнат на македонска сметка до крај на неделата и ќе почне реализацијата на планираното.