Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Во Брвеница се реконструирани училиштата, Јегуновце го среди коритото на Вардар

На денешниот настан Саем-Отчет „4 години работа за тебе“ се обратија градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот настан Саем-Отчет „4 години работа за тебе“ се обратија градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски и градоначалникот на Општина Јегуновце Димитар Костадиновски, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Градоначалникот Илиевски истакна дека во општина Брвеница се реконструирани сите основни училишта, нова канализациона мрежа, инвестиции во механизација и 90% обновени патишта.

„Реконструирани се сите основни училишта, секое населено место доби терен со детско игралиште, летниковци и автобуски постојки, нова канализациона мрежа од 9.000 метри, водоводната мрежа е проширена, инвестиравме во механизација, обновени се 90% од сите патишта, до крајот на мандатот општина Брвеница комплетно ќе биде со нова инфраструктура завршена во целост“, рече Илиевски.

Реклама

Градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски истакна дека проблемот со регулација на речното корито Вардар се надминати и решени.

„Тоа беше проблем децениски каде што граѓаните од општина Јегуновце посебно населените места кои се наоѓаат по течението на реката Вардар се реши проблемот со тоа што коритото на реката Вардар се исчисти и критичните места и критичните позиции беа поставени со камен каде што сега тоа стана минато и тој децениски проблем што беше регулација на речното корито Вардар се надмина благодарение на општината во соработка со Владата, се реши и тоа за мене претставува чест и задоволство што тој многу значен и крупен проект се реши во мојот мандат“, објасни Костадиноски.