Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Во Битола заврши фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“

Со доделување на награди за најдобрите културно уметнички друштва, фолклорни групи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со доделување на награди за најдобрите културно уметнички друштва, фолклорни групи и поединци, синоќа во Битола заврши 56 издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Со одлука на стручно жири за најуспешна група која презентира изворна-традиционална музика и игра-обред, прогласена е женската група „Теута“ од Тетово, за најуспешна група која презентира староградска музика и игра прогласен е ансамблот за народни песни и ора „Вања Лазарова“ од Скопје, за најуспешна интерпретација на новопоставени фоклорни содржини инспирирани од изворните прогласен е ансамблот „Орце Николов“ од Скопје, за најуспешна вокална изведба е прогласена изведбата на Марија Добриновска од КУД „Јане Сандански“-Неготино, а за ансамбл со најдобра, најкомплетна, изворна народна носија годинава е прогласен фолклорниот ансамбл „Цветови“ од село Дедино.

На синоќешното свечено затворање се обратија градоначалникот Тони Коњановски, кој се заблагодари на организаторите, учесници и гостите на фестивалот кои, како што рече придонесоа Битола да живее денови кои не се мерат со време, туку со вистинска емоција со пулсот на еден народ кој културата и традицијата ги поставил на пиедесталот на највисоките вредности, додека пак директорот на НУ Центар за култура Битола, Сашо Илковски нагласи дека над 1.300 учесници ја исполнија Битола со живот, енергија и убавина, но бројките сами по себе не го прават фестивалот, рече Илковски, туку фестивалот го прават луѓето. 

Реклама

Според востановената традиција, на последната фестивалска вечер настапија ансамблите од странство, односно од Венецуела, Грузија, Грција, Унгарија, Холандија, Словачка и Порторико.