Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Во Битола промоција на документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов“

Македонско-турско здружение „Кемал Ататурк“ вечер во Битола премиерно ќе го емитува документарниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонско-турско здружение „Кемал Ататурк“ вечер во Битола премиерно ќе го емитува документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов“.

Проекцијата на филмот е во рамки на празничната програма на Општина Битола организирана по повод денот на ослободувањето на градот, изјави Шенол Мемиш, продуцент на документарецот.

– Документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов“ го снимавме со камерманот Дејан Младеновиќ, а главен соговорник е Стефан Бошков, внук на народниот херој Стив Наумов. Документарниот филм, во 90 минути, нуди сведоштва за животот на Стив Наумов, јавноста ќе биде запознаена со родната куќа на Наумов, која минатата година беше реконструирана од НУ Завод и Музеј-Битола, но и други локации кои се поврзуваат со животот и делото на македонскиот народен херој, посочи Мемиш.

Реклама

Документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов“ ќе се емитува во кино „Манаки“, а влезот е бесплатен, посочија од здружението „Кемал Ататурк“-Битола.