Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Во Битола мобилизирана зимската служба

Општина Битола ја активира зимската служба во која се вклучени локалните јавни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Битола ја активира зимската служба во која се вклучени локалните јавни претпријатија „Нискоградба“ и „Комуналец“, а на терен е и градоначалникот Тони Коњановски.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека се интервенира на улиците од прв и втор приоритет, како и на патеките за пешаци.

-Камиони посипувачи излегоа на терен во 3:30 часот и до 7 часот утрото, за улиците употребени се 12 тони сол и 8 метри кубни ризла. Се чисти според приоритет, виталните сообраќајници се оспособени за нормално одвивање на сообраќајот, како и пристапите до јавните институции. Екипите на ЈКП „Нискоградба“ продолжуваат со чистење во текот на целиот ден во оспособување и на улиците од втор и трет прироритет и патиштата до населените места. Екипи на ЈП „Комуналец“ од раните утрински часови се на терен со цел расчистување на снегот од пристапните патеки за пешаците, соопштија од локалната самоуправа.

Реклама

За активностите на зимската служба, граѓаните може да ја следат и апликацијата „Битола-Зимска служба“ , посочија од Општина Битола.