Реклама

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Македонија

Во бегството на Груби клучна улога имале партиски стуктури во МВР кои ДУИ ги полнеше цели 20 години

Недела – 15 декември. Артан Груби во раните утрински часови влегува во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недела – 15 декември. Артан Груби во раните утрински часови влегува во дипломатскиот „мерцедес“ со црни таблички на негов добар пријател – почесниот косовскиот конзул Арсим Папранику. Од него бара помош да ја напушти Македонија. Очигледно, претходно партиските структури во МВР со кои ДУИ ја полнеше полицијата цели 20 години, му дојавуваат дека се подготвува негово апсење поради случајот Лотарија. Додека инспекторите се спремаат да влезат кај него дома, Груби како совозач на Папранику, веќе се упатени кон граничниот премин „Блаце“.  

Тука Груби повторно ги користи своите полициски инсталции. Граничарот го зема дипломатскиот пасош на Папранику и македонскиот од Груби, но не го регистрира „мерцедесот“ дека ја напушта Македонија.  Заведува дека бегалецот и неговиот пријател пешки ја минале границата, ги поминува пасошите преку компјутерскиот скенер, веднаш им ги враќа патните исправи без да почека системот да извести дека Груби е веќе под мерки на полицијата. За него била активна мерката „задржи и веднаш извести“, но залудно затоа што дипломатскиот „мерцедес“ веќе е на косовска територија.

Не само што го пуштиле да ја мине границата, неделата утрото, непосредно пред дипломатскиот „мерцедес“ да дојде до „Блаце“, случајно или не, камерите остануваат без батерии. Петте граничари кои тогаш се на смена го известуваат шефот дека мобилниот систем не им работи бидејќи батериите не можеле да се наполнат. Тој не презема ништо и проблемот не го евидентира дека воошто и настанал.

Реклама
  • ..Е утврдено дека од страна на раководителот на смена Б.А. откако МССК биле вратени, истите не биле заведени во графите како раздолжени во самата евиденција, а воедно и не ја пополнил графата за забелешка каде што требало да го нотира настанатиот проблем со МССК“ – стои во соопштението од МВР.

Граничарот и шефот на смена, кои ги пуштиле Груби и Папранику лесно да ја напшуштат Македонија веќе се суспендирани од работа, и се чекаат резултатите  од истрагата и дисциплинската постапка против нив.