Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е отворен првиот Центар за тироидна жлезда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава, кој нуди комплетна дијагностика, третман и следење на сите заболувања на тироидната жлезда кај возрасни и деца. На денешната прес-конференција беше посочено дека во рамки на Центарот функционира мултидисциплинарен тим специјалисти по нуклеарна медицина, торакална хирургија, радиологија, патологија, педијатрија и ендокринологија, кои на пациентите ќе им овозможат сеопфатна грижа за сите проблеми со тироидната жлезда.

Посебен акцент во работата на Центарот е ставен и на раната детекција на евентуални вродени нарушувања на тироидната жлезда кај новороденчиња преку ехоскрининг, кој ќе биде вклучен во пакетите за породување како бесплатен преглед за сите новороденчиња родени во „Аџибадем Систина“.

– Формирањето на Центарот за тироидна жлезда е значаен чекор кон обезбедување врвна, интегрирана и прецизна медицинска грижа за нашите пациенти. Главната цел на овој Центар е пациентите да можат за само еден ден на едно место да направат специјалистички преглед, ултразвук, лабораториски анализи, скен, биопсија и сѐ што е неопходно, без потреба од дополнителни консултации и упатувања во други установи. Доколку е потребно, пациентите веднаш добиваат термин и план за понатамошно лекување, како што е хирургија или радиојодна терапија, која е постојано достапна во болницата – изјави м-р доктор Билјана Црцарева, специјалист по нуклеарна медицина во „Аџибадем Систина“.

Реклама

Во оваа Клиничка болница годишно се изведуваат над 100 хируршки интервенции на тироидна жлезда, од кои повеќе од половина се карциноми. Досегашното искуство зборува дека за краен успешен резултат е особено важно навременото дијагностицирање. Затоа формирањето на еден интегриран центар ја олеснува работата на хирурзите, кои секојдневно се во тесна соработка со специјалистите кои ги водат пациентите и заедно донесуваат одлука за тоа каков вид третман ќе се спроведе. Дополнителна сигурност и безбедност за пациентите е тоа што сите операции на тироидна жлезда во „Аџибадем Систина“ се изведуваат со поддршка од систем за невромониторинг, кој ја зголемува безбедноста на оперативниот зафат и го минимизира ризикот од можни компликации. 

– Интраоперативниот невромониторинг, кој го применуваме во соработка со невролошкиот тим, има значајна предност во однос на конвенционалната визуелна идентификација на нервите во пределот на тироидната жлезда. Претставува безбедна техника, која ни дава можност во реално време да ги следиме функцијата и интегритетот на нервите за време на хируршката интервенција, со што значително се намалува ризикот од нивно оштетување, особено на нервот кој е одговорен за гласот и говорот – изјави д-р Драган Смилевски, специјалист по торакална хирургија.

Со отворањето на Центарот за тироидна жлезда, болницата поставува нови стандарди во третманот на тироидната патологија и се позиционира како референтен центар во регионот за најкомплексните случаи кај деца и возрасни.