Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Внатрешната контрола на МВР го расчисти случајот во Прилеп

Министерството за внатрешни работи информира дека по денешната објава на социјалните мрежи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи информира дека по денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презеде соодветни мерки и го расчисти случајот.

-Од извршените проверки, ОВККИПС констатираше дека на 05.07.2025 во 12.00 часот сменоводителот на БПС Прилеп В.И. го упатил полицискиот слузбеник А.К., кој бил со специјално возило пајак, да оди на ул.”Борка Урот” за да постапи во врска до неправилно паркирани возила. Полицискиот службеник од ПО БПС Прилеп со специјалното возило затекнал непрописно паркирано возило “цитроен” си прилепски регистарски таблички, но пред да го подигне, дошол сопственикот на возилото Н.К. од Прилеп и од страна на полицискиот службеник му е издаден прекршочен платен налог во износ од 40 евра и изготвен бил записник за сторен прекршок по член 66 став 5 од ЗБСП, информира МВР.

Инаку, во текот на денешниот ден министерот за внатрешни работи Тошковски не беше во посета на ОВР Прилеп ниту беше на територија на град Прилеп.