Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување канабис на отворено спротивно на законот, кои им биле мотивите и колку профитирале?

Во 2023 година владата предводена од СДСМ извршила измени на правилникот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 2023 година владата предводена од СДСМ извршила измени на правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Со измените во член 2 од правилникот предвидено е канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински цели се врши исклучиво во затворен простор.

СДСМ и Заев со ваквиот подзаконски акт овозможиле производство на канабис на нива, што отвора сериозни дилеми во однос на исполнувањето на ГМП-стандардите. Доколку не се исполнети овие норми, финалниот производ, маслото од канабис, не би можел да биде соодветно лиценциран, ниту пласиран во промет за потребите на пациентите.

Реклама

Владата на СДСМ на чело со Заев и Филипче свесно и намерно го сменила правилникот.

Владата на СДСМ намерно го сменила правилникот со оглед на тоа дека претходните политики и јавни заложби на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, беа проширување и легализација на пазарот на канабис.

Во 2020 СДСМ на чело со Заев и Филипче имаше иницијатива за поширока легализација на марихуаната, како и на значителното зголемување на бројот на издадени лиценци за медицински канабис, особено во Струмичкиот Регион.

Сомнежите и индициите за злоупотреба на производството на канабис и криминалот со дрогата дополнително се зголемија по заплената на голема количина марихуана од компанија во Ново Село, поврзувана со лице блиски на СДСМ и Заеви.

Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување канабис на отворено спротивно на законот, кои им биле мотивите и колку профитирале?

Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?

Потребни се ред, одговорност и темелна институционална истрага. Надлежните органи треба целосно да ги испитаат сите наводи и сомнежи.