Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски свесно сакаа да ги забранат протестите и револтот против нивните антидржавни политики

Измамникот Заев ја лаже јавноста дека сакал да го ограничи основното уставно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измамникот Заев ја лаже јавноста дека сакал да го ограничи основното уставно загарантирано човеково право на собирање и протест со закон кој наводно не го прочитал, ова денеска преку реакција на интервјуто на Заев дадено за Радио Слободна Европа го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Спасовски свесно сакаа да ги забранат протестите и револтот против нивните антидржавни политики. Двајцата земаат астрономски плати за да ги читаат законските решенија што ги предлагаат. Во спротивно чесно ќе беше да се повлечат, да престанат да ги лажат и крадат граѓаните и да остават државата да ја води некој што ќе го прочита тоа што го предлага. Дали Заев ќе се вади дека не го прочитал и катастрофалното решение за прогресивен данок со кое беше намесена милионска штета на бизнисот? Дали Заев не го прочитал и законот за марихуана за кој му беше поважно да стави европско знаменце додека Македонија се бореше за датум? Дали Заев ги чита задолжувањата тешки стотици милиони евра со кои што ја заглавува Македонија? Како е можно Заев да нема време да чита закони, а да има време со адвокатката на Катица Јанева да се информира за случајот и да ја координира одбраната?, прашуваат од партијата.

Од таму додаваат дека едно е јасно, Заев не го интересира Македонија и иднината на нејзините граѓани. Заев го интересира личното богатење и заштитата на криминалот.

Реклама

-Затоа и Пендаровски вели дека би се иселил, доколку не би бил претседател. После 12 април нема да се ограничува правото на јавни собири, предлог законите ќе се читаат, а Македонија ќе стартува со обновата, стои во реакцијата на партијата.