Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За власт Филипче е спремен да ги прифати пошироките бугарски барања кои задираат во македонскиот национален идентитет

Заслепен од желбата да дојде на власт, Венко Филипче се претвори во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заслепен од желбата да дојде на власт, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник и единствен кој верува дека уставните измени се последната и единствена пречка на патот кон Европската Унија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Наспроти пораките на официјална Софија дека Бугарите во македонскиот Устав се последно барање, на кои веруваат само СДСМ и Филипче, бугарскиот премиер, Румен Радев има јавни настапи каде што вели дека македонските револуционери како Гоце Делчев и Јане Сандански се Бугари.

Радев оди понатаму и вели дека дејци како браќата Миладиновци, основоположниците на словенската писменост, Светите браќа Кирил и Методиј, како Климент и Наум Охридски се Бугари и се дел од бугарската историја.

Реклама

Бугарскиот премиер, поранешен претседател, Румен Радев, го негира и македонскиот јазик, при што вели дека потекнува од бугарскиот и дека постои од 1945 година.

Ова не е сè. Радев го оспорува и негира и македонскиот идентитет, за кој, исто така вели, дека пости од 1945 и дека пред тоа сме биле Бугари. Кај што стигнал на јавен настап пред поголема маса на луѓе, Румен Радев не се воздржува, славната и надалеку прочуена македонска историја, да ја претставува како бугарска.

Потрагично од сето ова е што од домашните предавници, СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче нема осуда за ваквите настапи и јавни негирања, оспорувања и присвојувања на македонски национални обележја, херои, великодостојници, историја, култура. Иако сето ова се случувало и во периодот кога тие беа власт во Македонија.

СДСМ и Венко Филипче за негирањата молчат, но затоа, пак, се најгласни за прифаќање на бугарските ултиматуми. Филипче се претворил во пиун на Радев, на кој збор не смее да му врати, и специјален бугарски пратеник за спроведување на бугарската агенда.

Многу е очигледно дека, освен внесувањето на неколку илјади Бугари во устав не е ниту единствен ниту последен услов за евроинтегративниот процес, туку Бугарија има пошироки барања за Македонија кои директно навлегуваат во прашањата за македонскиот идентитет, историја и културно наследство.

Од друга страна, на виделина излегува тоа дека Филипче, исто како и Заев, за власт и за амнестија на криминалите, спремен е на нови национални предавства. Граѓаните имаат право да знаат какви се идентитетски и национални отстапки би следеле доколку СДСМ и Венко Филипче, повторно добијат можност да дојдат на државни позиции и да одлучуваат за државни работи.

На македонските граѓани им е доста од отстапки и ултиматуми. Тие остро се спротивставуваат на поданичката политика на СДСМ и Филипче, кои ги донесоа да бидат трета партија, со одвај 130 илјади гласа.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека македонските национални интереси, достоинството на државата и историската вистина не смеат да бидат предмет на политички договори и трговија за власт и цврсто стои на овој став, кој граѓаните го препознаваат.