Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Венко очаен си, види каква мизерија направи од СДСМ, ти се смее кој стигне

Да говориш за РЕК Битола и те како не смее да ти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да говориш за РЕК Битола и те како не смее да ти текне – а другар ти Васко побегуља да го украде цел енергетски систем, да зборуваш за цени на сметки за струја – а ти со твојот ментор Заев и Ковачевски ги зголемивте за 50%, да зборуваш за правда – а да не одговараш за Модуларна болница, Венко тоа е срам и немање на образ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека ваков очај, ваква безидејност, ваква мизерија досега македонската политичка сцена не памети.

Да немаш допир со реалноста и да си измислуваш работи, или си шизофрен човек или си Венко Филипче, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

-Да викаш дека зголемувањата на пензиите од 6.000 денари до денес се ниски – а твојот “чекор” би бил пензии до 3.000 денари, да викаш дека мигранти тропаат на врата и само што не стигнале во Македонија – а те демантира премиер, претседател на држава и британска амбасада, да викаш дека 1,5 година е мал период за да консолидираш партија – а истиот период за консолидација на ограбената држава што ја остави со Заев, да говориш за РЕК Битола и те како не смее да ти текне – а другар ти Васко побегуља да го украде цел енергетски систем, да зборуваш за цени на сметки за струја – а ти со твојот ментор Заев и Ковачевски ги зголемивте за 50%, да зборуваш за правда – а да не одговараш за Модуларна болница, Венко тоа е срам и немање на образ. Една таблета диазепам за добри соништа, може “убавото” време на твоето владеење пак ќе го сонуваш, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.